Предности и мани на бременоста после триесеттите

Постојат многу предности на првата бременост во триесеттите. Веројатно сте веќе сигурни во својата кариера и во врска со партнерот, а ниту враќањето на работното место не би требало да е толку страшно, видејќи веќе сте покажале што можете.
Истражувањата велат дека жените во триесетите имаат многу повеќе самодоверба, издржливост и отпорност, што се сите особини и квалитети кои се пожелни кај родителството, посебно кога детето е мало. Жените после триесеттите се познаваат многу подобро од оние во дваесеттите, што ќе им помогне да бидат мајки полни со разбирање и трпеливост.

Триесеттите значат искуство – не само на професионалана туку и во приватна смисла – веројатно веќе ви е здодеано од вечерните излегувања, па сте подготвени за најголемата авантура в животот – мајчинството.

Ако отсекогаш сте сакале близнаци, тогаш овие информации ќе ве израдуваат.

Имено, жените во триесеттите имаат поголема шанса да родат близнаци по природен пат, особено оние кои се постари од 35 години. Со годините, нивото FSH ( фоликулстимулант) хормоните растат што поттикнува созревање на ќелиите на јајниците.  Кога се зголемува нивото на тие хормони, се зголемува и можноста за повеќе слојна бременост.

Прочитајте и:  Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Имено, истражувањата покажале дека кај жената во дваесеттите една од 16 бремености е повеќе слојна, додека кај жените од 35 години, се далеку поголеми за близнаци, односно кај една од пет жени.

Beautiful pregnant woman in the park

Кои се недостатоците на бременоста по триесеттите?

Добра вест е дека пред 35. години во просек голем број жени остануваат бремени на природен начин, но по 35-тата година од животот, опаѓа квалитетот на јајце клетките, па ќе морате многу повеќе да се потрудите.

Исто така се зголемува и можноста за спонтан абортус, а и за генетски деформации кај детето.

Некој од најчестите проблеми во бременоста по 35.тата година од животот се:

1. вонматерична бременост

2. предвремено пораѓање

3. мала тежина на детето

4. потежок пораѓај, со можност за царски рез

5. можни генетски пореметувања кај детето ( Даунов синдром).

Поради тоа на жените кои остануваат бремени во доцните триесетти им се препорачуваат дополнителни прегледи и тестирања.

- Реклама -