Сакате да ги подобрите силата, балансот и координацијата, додека во исто време ги вежбате грбните и стомачните мускули? Повелете нов предизвик во форма на тешка вежба:
Земете баскет и седнете на топката. Рацете поставете ги отстрана, потпирајќи ги на земјата. Користејќи го центарот на телото, навалете се малку наназад (околу 1 педа), а потоа подигнете ги нозете и пробајте да го одржите балансот и да останете на топката. Кога тоа ќе го совладате, пробајте го истото, но со тоа што ќе престанете да се потпирате со рацете на подот. Целта е да издржите така минимум 10 или повеќе секунди.