Психијатрискиот центар „Вилард“ во северниот дел на државата Њујорк бил изграден во 1869 година, за да се грижи, да ги лекува и надгледува ментално болните и оние што страдаат од психијатриски трауми. Вратите на болницата биле отворени во текот на 126 години пред да се затвори засекогаш во 1995 година.
Токму тогаш било направено импресивно откритие на таванот на самиот центар – околу 400 куфери обвиени во прав, кои припаѓале на луѓето, сместени таму меѓу 1910 и 1960 година.
Овие куфери ги содржеле сите нивни скапоцености: последните остатоци од претходниот живот, пред да паднат зад ѕидините на санаториумот. Малкумина од пациентите некогаш биле вратени назад меѓу нивните најблиски, па затоа повеќето куфери полни со спомени, останале да собираат прашина на таванот, како заборавени и напуштени талкачи низ времето.
Заинтригиран од историјата и содржината на куферите, фотографот Џон Криспин добива ексклузивен пристап, за да go документира реткоto и интригантно откритие. Денес куферите се дел од постојаната збирка во Музејот на Њујорк.