Пред штабот на „Влен“ огради и полициско обезбедување

Пред изборниот штаб на албанската опозициска коалиција „Влен“ кај плоштадот “Скендербег“ во Скопје се поставени заштитни баридаки и се забележува присуството на полициските сили.

Од „Влен“ за МИА велат дека сето ова е преземено само поради безбедносни причини, но, како што, посочуваат немаат никаква најава за некаков инцидент или загрозување по животот на некој од присутните претставници од медиумите, и членовите на коалицијата.

Во штабот на „Влен“ доминира победничка атмосфера, присутните извикуваат „Победа, победа“. На прес-конференцијата се обраќаат претседателите на партиите од коалицијата „Влен“ Изет Меџити, Биљал Касами и Арбен Таравари. 

За потсетување, на првиот круг од претседателските избори пред изборниот штаб на „Влен“ по одржување на првата прес-конференција по затворање на гласачките места, членот на ДУИ Артан Груби со други членови и симпатизери од партијата дојдоа да прославуваат пред штабот на албанската опозициска коалиција, по што сите медиумски работници и симпатизери на коалиција беа преселени на друга локација, односно кај седиштето на Демократското движење, за, како што рекоа тогаш, да не дојде до некаков инцидент. 

- Реклама -