Пред да станеш татко, треба да знаеш дека…

Прочитајте неколку интересни нешта, што никој не им ги кажува на мажите, пред да станат татковци. 

Кога ќе го однесеш детето во парк, убавите жени ќе ти се смешкаат повеќе од порано. Имај на ум дека тоа е поради детето, за случајно да не направиш лош чекор.

t1

Не очекувај веднаш да ја усовршиш техниката на пакување на сите потребни нешта, за прошетка со бебето. После некое време вежбање, ќе станеш мајстор во диплење на нештата, но дотогаш биди трпелив.

918107-father-and-baby

Не дека не забележуваш ни сега, но кога ќе добиеш дете, дури тогаш ќе започне да ти „боде очи“ сета нечистотија во јавниот тоалет. Исто така, тогаш ќе сфатиш дека во машките тоалети не постои маса за пресоблекување на децата.

86547239-Father-and-baby

Пред своите деца ќе се глупираш како пред никој друг. Сето тоа, само за да ја видиш таа прекрасна насмевка, која ти го разубавува животот.

Dad_and_Baby_Fathers-Day-Wallpaper

Ќе ја совладаш способноста на глумење дека новата игра за која што зборува детето, многу те интересира. Понекогаш тоа е вистински предизвик, но со времето станува се полесно.

daddyx27s-girl-father-and-daughter-adorable-baby-Favim.com-767121

Многу е веројатно дека малиот случајно, во текот на играта, ќе уништи барем нешто од твоите омилени предмети во домот. Ако ништо друго, макар ќе ја исфлека маицата што најмногу ја сакаш. И не, нема да бидеш лут.

father_baby_cover1

Со текот на времето ќе се претвориш во своите родители, и ќе го говориш она што си го слушал за време на целото детство. На пример „Дали јас ти изгледам како банкомат?“

dad-with-baby3

На крајот без оглед на тоа колку ќе изгледаш строг пред малото, кога ќе станеш татко, секогаш ќе имаш „слаба точка“.

- Реклама -