Кендал Џонс од Тексас на своите 19 години, предизвика огромен револт и омраза кај јавноста поради фотографиите што ги објавува на својот Facebook профил. Таа се фали со мртви трофеи на животни во Африка, па не напразно сите и велат дека е болна.
Меѓу нејзините фотографии има лавови, слонови, нилски коњи, кои што се загрозен вид на животни.
Како што пренесуваат медиумите, тоа е легална активност на дозволено ловење на загрозени животни кои најчесто се продаваат за да се соберат пари за конзервација. Ова особено се случува во Африка каде богатите посетители одвојуваат огромни суми пари за да го искусат ова несекојдневно доживување.
Во Америка е направена петиција со 60.000 потписи за укинување на најзината ФБ страна, а исто потои и петиција да се забрани ловот на животни.
Кендал објаснува дека има потреба од контролирање на растот на популацијата на одредени животни. Безразлика, сево ова, па и фотографиите се крајно нечовечни и се за секоја осуда.