Постојат некои митови околу вежбањето и намалувањето на телесните масти кои се вртат по фитнес центрите мнооогу долго време. Еден од нив е – “Ако сакате да ги намалите мастите околу стомакот/струкот, еден од начините е да правите голем број на стомачни вежби, што повеќе повторувања и серии, тоа подобро”
И поради ова, можете да забележите во теретаните како справите/клупите за стомачни вежби се најчесто преокупирани со рекреативци кои имаат вишок на килограми и абдоменални масти кои очајно сакаат да ги намалат, клатејки се на нив цел тренинг.
За да му докажете на некој зашто тоа е погрешно и да ве сфати сериозно, треба да му докажете со аргумент/факт кој има смисла, а не со одговор “така ми кажаа дека е најдобро” или “така пишуваше во една статија на интернет”.
Линкот подоле е веродостојно истражување превземено од http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed, (интернет страна со огромна база на податоци со медицинстри истражувања, клинички испитувања, научни дневници и онлајн книги кои секојдневно се апдејтуваат, или со други зборови, веројатно најпроверените медицински информации на интернет просторот) во кое се вклучени 2 групи со вкупно 24 индивидуи (14 мажи и 10 жени) на возраст од 18 до 40 години. Тестирани се на временски период од 6 недели, мерењата се напревени пред и по тој временски период. За време на истражувањето, првата група изведувале по 7 абдоменални вежби од 2 серии по 10 повторувања, 5 пати неделно – 6 недели. Другата група изведувала малце повеќе повторувања и вежби. Сите следеле изокалоричка диета/режим на исхрана
Резултатот после 6 недели е следниот – немало значително, речиси воопшто намалување на абдоменалните масти. Единствено нешто што се подобрило е издржливоста при изведување на абдоменалните вежби по тие 6 недели.
Заклучок – ако ви е целта зголемување на силата,издржливоста и густината на стомачните мускули, тогаш абдоменалните вежби се за вас. НО, ако сакате да го намалите појасот за спасување околу струкот, т.е абдоменалните масти, треба главно да се фокусирате да создадете калориски дефицит преку начинот на исхрана и физичката активност, а не преку клацкање на клупа за стомачни. Секако, абдоменалните вежби си имаат свое место и улога во секоја тренинг програма, (не)зависно од целта. Популарната “стомачните се прават во кујната” е точна! Обрнете внимание на тоа што, колку и кога конзумирате во текот на денот за успешно намалување на телесните масти.