Внимавајте како ги користите тампоните, можете да добиете некоја болест.
За да се сведе ризикот на минумум, жените би требале задолжително пред употреба на тампон да ги измијат рацете, да користат што помали тампони и да ги менуваат на секои четири до шест часа.
За „сосема безбедни тампони“, со кои е загарантиран секој вид на активност, скептиците имаат друго мислење. Не веруваат дека се апсолутно сигурни, па дури и штетни во некои околности. Експертите потврдуваат дека, иако ретко, тампоните можат да кријат одредени опасности.
Вистина, во мал број случаи истите можат да доведат до токсичен шок синдром. Станува збор за ретка бактериска инфекција, која може и доживотно да загрози одредена личност. Симптомите на овој синдром се треска, повраќање, дијареа, вртоглавица, насип како после предолго излегување на сонце.
Ризикот се зголемува доколку се користат големи тампони и се остават долго да стојат. За среќа, појавата не е честа, а се јавува кај една од седумнаесет жени на сто илјади жители.
За да се сведе ризикот на минумум, жените треба добро да ги измијат рацете пред ставање на тампонот, да користат што помали тампони и да ги менуваат на секои четири до шест часа. Ова е важно, бидејќи тампоните сепак содржат две опасни супстанци, признаваат експертите, меѓу кои диоксин – избелувач.
Индустријата за тампони верува дека на жените им е потребен избелувач за да гледаат на производот како чист и сигурен, иако се знае дека е потенцијално канцероген и токсичен за имунитетот и репродуктивните органи.
Затоа, за да се заштитите од секаков ризик по здравјето, читајте ги упатствата и проверете дали влошките и тампоните содржат избелувач.