Правила на Далај Лама за убав живот

Како и сите големи мудрости, овие мисли се едноставни и разбирливи, а сепак големи и освестувачки.

Далај Лама е легендарен миротворец и нобеловец. Тој објавил бројни дела, но за луѓето се секогаш најинтересни неговите правила и совети за среќен живот.

Прочитајте ги инспиративните совети на Лама.

1. Имајте на ум дека големата љубов и големите успеси нужно во себе вклучуваат и голем ризик.

2. Во животот не можете да победувате секој пат, но е многу е важно за време на потрагата да научите лекција.

3. Почитувајте се себе, почитувајте ги другите, превземете одговорност за своите дела.

4. Понекогаш најдоброто нешто што може да ни се случи е да не го добиеме она што го сакаме.

5. Добро научете ги правилата, за да знаете добро и да ги прекршите.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

6. Не допуштајте малите несогласувања да им наштетат на големите пријателства.

7. Кога ќе сфатите дека сте згрешиле, веднаш направете сè за да ја исправите грешката.

8. Секој ден одвојте барем малку време за себе.

9. Не се плашете да пробате нешто ново, но не ги напуштајте своите вредности.

10. Тишината е понекогаш најгласниот одговор.

11. Живејте добар и чесен живот. На тој начин кога ќе остарете и почнете да размислувате за својот живот, ќе можете во него да уживате и по втор пат.

12. Атмосферата преполна со љубов во вашиот дом е темел на вашиот живот.

13. Кај несогласувањата со саканата особа, занимавајте се исклучително со моменталната ситуација.

- Реклама -