Правила за жешка летна авантура

Сакате да се забавувате на плажите и да имате незаборавни летни авантури? Ако ова ви е на ум и се подготвувате за одмор, не заборавајте на некои важни правила кои морате да ги знаете за да не завршите со скршено срце или лоши спомени од одморот.

Летната авантура има многу брз крај

Многумина се врзуваат емоционално за партнерот иако потсвесно знаат дека оваа авантура нема продолжение. Сфатете дека летните врски со партнерите кои сте ги запознале имаат брз крај и никако немојте емоционално да се врзувате. Во спротивно, може да ви требаат неколку месеци подоцна за да го заборавите. Летната авантура е само авантура и така треба и да остане.

Рачистете на почетокот

Сретнавте многу згодна девојка или дечко. Се здруживте и сакате да си поминете со феноменално. Расчистете уште на почетокот, водејќи се по првото правило – кажете отворено дека сакате само забава и бидете убедени дека и таа/тој истото го сака пред да се дозволите страстите да ве надвладеат.

Избегнувајте ги луѓето од вашиот град

Никако немојте да се впуштате во случајна летна авантура со дечко или девојка од вашиот град за која знаете дека нема да сака да биде со вас во сериозна врска или вие самите тоа не го посакувате. Ова може многу да ве повреди, а честите средби низ градот ќе придонесат долго да тагувате.

Имајте скромни очекувања

Можеби минатото лето сте запознале одличен партнер кој ви ветил дека повторно ќе се видите тука. Немојте да го очекувате ниту него ниту некој сличен, бидејќи со сигурност ќе си го уништите одморот, освен ако навистина не се оствари ветувањето.

Заштитете се

Заштититувајте се секогаш, не дозволувајте никогаш, никаде и со никого да имате незаштитен сексуален однос. Не дозволувајте да бидете мајка на дете од непознат татко или да имате спомен од летото после кое сте лежеле еден месец на клиника поради сексуално преносливи болести, или нешто уште посериозно…

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -