Праски против рак на дојката

Конзумирањето на само три праски дневно може да помогне во борбата против ракот на дојката, покажуваат резултатите од едно најново истражување. Американски научници до ова значајно откритие дошле врз основа на експерименти извршени врз глувци.

„Клетки од агресивен рак на дојка ги вбризгавме под кожата на глувците, а потоа ги третиравме со екстракти од праска“, изјавил доктор Луис Киснерос Зевалос, кој го спроведувал проектот.PMO2911
Тој истакнал дека медицинскиот тим забележал позитивен ефект по само неколку недели, што значи дека праските ги уништиле метастазите и ја спречиле болеста.

Научниците, исто така, ја пресметале употребената доза кај глувците и ја примениле врз луѓето, по што дошле до заклучок дека со конзумирање на две до три праски дневно го имале истиот ефект и кај жените.

Прочитајте и:  Најлошите јаглехидрати кои би можеле да го зголемат ризикот од рак, според нутриционист

„Важноста на ова откритие е огромна, бидејќи покажува каков ефект врз оваа смртоносна болест имаат природните соединенија, во овој случај фенолните соединенија во праската“, нагласил Зевалос, потенцирајќи дека е важно да се изеде целиот плод, а не само сокот, бидејќи во спротивно нема да го даде истиот резултат.

Во западните земји ракот на дојката е најчест вид на канцер кај жените, а најновите податоци покажуваат дека само во САД минатата година заболеле околу 232.000 жени.

- Реклама -