Практични совети за работите околу вас

intro_kujna_staro-novo.jpg На сите им се случува да не можат да го најдат она што им треба во моментот, без разлика дали станува збор за ќеса или за сукало. Пред вас се неколку практични идеи за замена на нештата што недостасуваат, што ќе им се најдат и на оние што мислат дека веќе ги знаат сите трикови.


На сите им се случува да не можат да го најдат она што им треба во моментот, без разлика дали станува збор за ќеса или за сукало. Пред вас се неколку практични идеи за замена на нештата што недостасуваат, што ќе им се најдат и на оние што мислат дека веќе ги знаат сите трикови.

Чепкалка за заби на салотејпот
selotejp_chepkalka.jpg

Означете го почетокот на лентата со чепкалка за заби и никогаш повеќе нема да мора да ги уништувате ноктите и да го касапите салотејпот.

Празна кутија од марамици
kutija_kesi.jpg

Откако ќе ги потрошите марамиците зачувајте ја кутијата во која што ќе наредите ќеси. Ова е едноставен практичен начин на распоредување на ќесите за да ви бидат при рака без да заземат место или да направат неред.

Шпагета како запалка
shpageta_sveka.jpg

Ако треба да запалите повеќе свеќи наеднаш нема потреба да ги горите прстите на загреаната запалка. Запалете една шпагета што ќе ви послужи безболно да ги запалите дури и оние свеќи сместени во чудни, тешко достапни свеќници.

Чашки за колачиња
chasha_kolachi.jpg

Ако немате калапи со интересни форми, вашите колачиња сепак не мора да изгледаат идентично. Искористете различни чашки – округлите, овалните и четвртастите отвори, како и нивните различни големини ќе ви помогнат да направите колачиња во различни големини.

Шише како сукало
vino_sukalo.jpg

Ако случајно не може да го најдете сукалото, тестото може да се развлече и со стаклено шише за вино. Прекријте го тестото со масна хартија или целофан, цврсто фатете го вратот на шишето и почнете!

Чинија за салата над тортата
torta_chinija.jpg

Дури и на оние што ретко прават торти некогаш ќе им затреба заштитна кутија што тортата ќе ја изолира од останатите мириси во фрижидерот. За шлагот да не се исуши ставете ја тортата на чинија поголема од неа, а одозгора превртете голем длабок сад за салата.

- Реклама -