Во денешно време слободниот простор е проблем, особено во мегаполисите.
Местото за живеење, за чување на предмети, за „дишење“ во градскиот транспорт се намалува постојано. Овој недостаток се решава со користењето на мини ел-скутер наречен URB-E.
Дизајнот на изведбата е направен во Пасадена, во Калифорнија и обезбедува скутер со многу мали димензии, со кој сепак може да управува човек. Неговата тежина е околу 10 килограми и обезбедува автономија со едно полнење од над 30 километри и максимална брзина од 4 km/h. Сето ова има цена и таа во САД изнесува 1,500 долари.
Погонот наскутерот се обезбедува од 250 ватен електромотор, кој црпи етнергија од 36-Volt литиум-јонска батерија. За разлика од типичните две тркала на ваков вид моторни возила, тука двете се различни и секое со своја функција, однсоно погон е предното тркало, а сопирањето на задното.
За возење слично возило во САД не е потребна дозвола, бидејќи URB-E ги исполнува барањата за класата „ не брзи електрични возила” и има многу смисла во неговата употреба во градски услови. Поради преклопувањето може да се пренесува во разни превозни средста, но и во градскиот транспорт. Поседувањето на ваков скутер е и мода денес. Предниот дел може да биде извршена во различни бои, а како опции се нудат посебен држач за чаши на управувачот, LED-светло напред, преграда за товар позади…
Автоплус