Пештерската уметност отсекогаш му се препишуваше на праисториските мажи. Меѓутоа, после повеќе од 25.000 години, резултатите на последните истражувања покажаа дека пештерската слики се дело на жените-уметнички од предисторијата.
Според професорот Dean Snow од универзитетот во Пенсилванија, „Палеолитските мажи“ за кои се сметаше дека се оние кои ги насликале познатите пештерски слики всушност се „Палеолитски жени“.
После повторната анализа на отпечатоците од раце во пештерите Pech Marle и Гаргас во Франција и пештерата El Castillo во Шпанија, Snow дошол до заклучок дека таму има многу женски раце. Компарирајќи ги отпечатоците со пропорциите на рацете од современите луѓе, Сноу дошол до овие заклучоци кои сугерираат дека улогата на жените во праисториското општество била многу поголема отколку што се мислеше досега.
Според овој професор : „Не ни е познато каква била улогата на уметниците во Палеолитската заедница (околу 20.000-40.000 години п.н.е.), но чекор напред е фактот што можеме да кажеме дека мнозинството од нив биле жени.“
[A woman’s touch: Prehistoric cave paintings were made by women as well as men, scientists discover]