Познатиот турски актер Киванч Татлиту има проблеми со диетата?

Популарниот турски актер Киванч Татлиту на некое време се придржувал на протеинска диета која му предизвикала сериозни здраствени проблеми.По посетата на доктор поради несоница, дознал дека неговиот црн дроб е оштетен.

За потребите на главна улога во новиот филмот „The Butterfly dream“ Киванч требал да ослабе дури 18 килограми. За да ги задржи мускулите и да остане во топ форма, тој ја променил својата диетска програма, и се придржувал на протеинска исхрана. Активно спортувал, јадел килограм месо на ден, пиел протеини и сето тоа му создало проблеми.

Најпрво Киванч почнал да се жали на несоница, па поради тоа се обратил во клиника, меѓутоа, испадлано дека има проблем со црниот дроб. Истражувањата и анализирањата покажале дека актерот црниот дроб покажува знаци на предупредување. Големата количина протеини во црниот дроб предизвикала штета за која сега му е препишана соодветна терапија. Татлиту изјавил дека целосно ќе го промени начинот на исхрана.

Доктрор Сердар Еркан ги објаснува несаканите ефекти од земање на протеини во прав. Поради големата количина на протеини кои се внесени, телото нема место да ги чува. Протеините се распаѓаат и ослободуваат токсични супстанци како амонијак. Амонијакот може да го оштети и мозокот како и црниот дроб и бубрезите.

- Реклама -