Позитивни уште тројца од персоналот на болницата „Плодност“ во Битола, Трпчевски се жали на неискреност на пaциентите и бара масовно тестирање

Не уште двајца, туку уште тројца од персоналот на битолската Болница „Плодност“ се позитивни на коронавирусот, информира д-р Таше Трпчевски на официјалниот Фејсбук профил. Се работи за вкупно двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог и една медицинска сестра.

„Анестезиологот и медицинската анестезиолошка сестра пред три дена само еден ден имаа температура и блага кашлица. Јас побарав да им се земат брисеви. Побрав да се земат брисеви и од неколку вработени кои кивнале. Сакам да се земат брисеви од сите вработени. Институтот за јавно здравје прави проценка и не сака да земе на сите. Анестезиологот и медицинската сестра само еден ден беа фебрилни, сега се здрави и немаат ништо. Барав за гинекологот кој е од Прилеп, а е кај нас вработен, заради тоа што има епидемиолошка анамнеза. Тој е позитивен (вчера попладне ми ја даде информацијата). Тој е асимптоматски носител. Тие се најопacните како сите вие кои што не знаете можеби дали сте таков носител“, пишува Трпчевски.

Тој апелира до министерот Венко Филипче да не се придржува исклучиво на препораките на СЗО и побогатите држави – да се тестираат само симптоматските пациенти и оние со позитивна епидемиолошка анамнеза, туку да се направи масовно тестирање, макар и со брзи тестови за антитела, со што би се направил скрининг за оние што треба да бидат тестирани со PCR (молекуларен) тест.

Трпчевски се жaли и на пациeнтите, кои, вели, не се искрени кога им се прави епидемиолошка анкета и кријат дека имаат симптоми, дека патувале, дека имале контакт со заболен или имале контакт со лице од ризичните региони.

Трпчевски истакнува и дека бројот на заболени во Македонија е многу поголем од официјалниот и потсетува дека здравствените работници се први на удар од заpaзата и дека мора да бидат заштитени, поради што повикува на повеќе самоизолација.

Трпчевски се пожали и на сограѓаните од Битола, кои со „отpoвни стpeли“ неосновано фрлале по неговиот син д-р Христијан Трпчевски, поради што болницата е предмет на вештачење на секторот за кpиминал од МВР.

Целиот пост прочитајте го ТУКА.

- Реклама -