Како што покажува соопштението на Министерството за здравство за денешната состојба со коронавирусот во земјава, во последните 24 часа позитивни биле 42.6%, односно 565 од тестираните 1.325.
Со денешните новодијагностицирани, бројот на активни случаи во државава се искачи на 10.728, а вкупниот број на заразени од појавата на вирусот достигна безмалку 33 илјади (односно 32.997).
Од активните случаи, речиси половина – 5.042, се во Скопје. Општина Аеродром достигна 869 активни случаи, а втора на листата е Карпош – со 741. Центар има 668, Гази Баба има 650, а Кисела Вода има 649 активни случаи. Состојбата во главниот град, според досега завршените епидемиолошки анкети, изгледа вака:
• Чаир – 275
• Гази Баба – 650
• Аеродром -869
• Карпош – 741
• Центар – 668
• Кисела Вода – 649
• Ѓорче Петров – 402
• Бутел – 266
• Шуто Оризари – 53
• Студеничани – 21
• Сарај – 38
• Арачиново -10
• Илинден – 121
• Сопиште – 43
• Чучер Сандево – 28
• Петровец –38
• Зелениково -16
• Странец – 45
• Нераспределен- 109
На ниво на државата, дистрибуцијата на активни случаи изгледа вака:
• Скопје 14272, активни 5042
• Куманово 2365, активни 466
• Дебар 346, активни 54
• Штип 1728, активни 306
• Прилеп 1441, активни 565
• Тетово 2332, активни 636
• Струга 837, активни 110
• Велес 843, активни 438
• Битола 740, активни 299
• Охрид 736, активни 258
• Кавадарци 548, активни 240
• Гостивар 1272, активни 259
• Гевгелија 416, активни 200 (21 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 69 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1010, активни 568
• Крива Паланка 253, активни 101
• Радовиш 251, активни 90
• Крушево 32, активни 11
• Кочани 750, активни 223
• Пробиштип 212, активни 72
• Демир Хисар 85, активни 18
• Македонски Брод 106, активни 10
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 220, активни 56
• Валандово 111, активни 40
• Виница 190, активни 73
• Делчево 264, активни 109 (66 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 62, активни 32
• Свети Николе 494, активни 91
• Кичево 596, активни 191
• Ресен 254, активни 69
• Неготино 171, активни 93 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
И денеска, дванаесетти ден по ред (со исклучок на 28 октомври) продолжува порастот на бројот на пациенти – позитивни или сомнителни на ковид, во болниците. Според МЗ, утрово во болниците имало вкупно 734 хоспитализирани, што е највисока бројка од појавата на вирусот во земјава.
Во последните 24 часа, на Инфективната клиника примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 128. Нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 10 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 19 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 10 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 61, а во болницата во Штип се 51 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 351 позитивни и сомнителни на Ковид-19.