Позитивна на Ковид-19 и директорката на УЈП, која вчера имаше прес со Спасовски и делеше маски низ Куманово

Директорката на Управата за јавни приходи – Сања Лукаревска, информираше дека е позитивна на Ковид-19. Како што соопшти, се тестирала поради работните состаноци кои ги имале заедно со потпретседателот на СДСМ – Мухамед Зекири, откако тој објави дека е позитивен на коронавирус.

Лукаревска вели дека нема никакви симптоми и веќе се повлекла во домашна самоизолација. Додава и дека не може да биде сигурна како го добила вирусот, но дека сите контакти што ги имала во изминативе денови ги остварувала со целосно почитување на мерките – носење маска, одржување на дистанца и редовна дезинфекција.

Лукаревска и техничкиот премиер Оливер Спасовски – кои се носители на листа во Изборната единица 2, заедно со кандидатите за пратеници од нивната изборната единица, вчера имаа работен состанок и одржаа прес-конференција во Куманово. Потоа Лукаревска, Спасовски и останатите кандидати за пратеници делеа заштитни маски на граѓаните низ градот.

 

- Реклама -