Пожар во атарот на селото Соње во општина Сопиште, ангажирани три „ер трактори“

– Во атарот на селото Соње во општина Сопиште попладнево избил пожар во чие гаснење биле ангажирани три „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов во изјава за медиумите информира горела сува вегетација и ниски смреки, а чадот бил видлив од поголем дел од градот што предизвикало вознемиреност меѓу граѓаните и повеке повици на бројот 112.

– Пожарот беше сопрен непосредно во близина на неколку викендици. Изгоре само една придружна просторија, вели Ангелов.

- Реклама -