Утрово, домот во кој живее познатата македонска актерка Весна Петрушевска-Бејби заедно со нејзиното семејство го зафати пожар. За среќа, истиот беше локализиран, а причинета беше само материјална штета. На терен интервенираа повеќе противпожарни возила, а домот во Кисела Вода беше посетен од министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, како и градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ. Според првичните информации опожарена е покривната понструкција од куќата, а на семејството му беше ветена финансиска помош како и еднократен надомест од општинскиот Совет.
(Фотографии: „Нова Македонија“ и „Утрински Весник“)