Повторно рекордни 428 пациенти од Ковид-19 во болниците во државата

Утрово, во болниците низ земјава имало вкупно 428 заболени или суспектни на Ковид-19, покажуваат статистиките за последните 24 часа за состојбата со коронавирусот во Македонија:

• На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

• Во болницата во Козле се хоспитализирани 12 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 2 пациенти суспектни на вирусот.

• Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

• Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти.

• На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 130 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Иако минатата недела за првпат по подолго време, од 26 јуни наваму (со исклучок на 28 јуни), бројката на пациенти во болниците падна под границата од 400, изминативе 15-тина дена изобилуваат со рекордни бројки во однос на оваа статистика. Денешниот ден е трет пат како оваа бројка достигнува 428.

Првиот рекорд над оваа граница беше достигнат на 26 јуни, со 425 пациенти во болниците. Новата рекордна бројка ја имавме пред 12 дена, кога на 16 и 17 јули имаше по 427 хоспитализирани од Ковид-19. На 19 јули уште еднаш беше достигната бројката од 425, а на 28 јули за првпат беа забележани вкупно 428 пациенти во болниците. 428 хоспитализирани имаше и вчера.

На табелата, која ја прикажува состојбата во болниците од моментот кога „вториот бран“ започна да достигнува критични граници, рекордните денови се означени со жолто поле, а деновите кога се повториле критичните бројки се означени со црвено:

- Реклама -