Губењето на вишокот килограми, не мора да биде многу тежок како што изгледа на прв поглед. Дури и обичните предмети кои ги има секое домакинство можат да ви помогнат во трошењето на калории и намалување на тежината, и тоа без класична диета.
Една студија покажува дека тајната за намалување на апетитот и чувството на големо задоволство зависи од гасењето на светлото во текот на вечерта. Истражувачите откриле дека луѓето кои конзумираат оброци под слабо светло, внесуваат 175 калории помалку од оние кои ја јадат храната во нормално осветлена соба.
Учесниците кои вечерале при светлосна лампа или свеќи јадете 18 проценти помалку храна и истакнале дека повеќе уживале во истата, за разлика од учесниците кои ја конзумирале при полна светлина.
Научниците заклучиле дека силното светло создава психолошка потреба кај луѓето да јадат се побрзо и се повеќе. Затоа направете му услуга на вашиот стомак: бидете романтични и вечерајте со свеќи 🙂