Повикајте такси преку iPad (видео)

таксиОва може да е иднината на такси службите. Такси возила кои се возат сами, без присуство на возач, и кои реагираат на повик испратен преку вашиот iPad. Потребна е неверојатна верба во технологијата за да се седне на задното седиште од возило кое самото се управува, иако утеха е што отсуството на возач ја отстранува можноста од човечка грешка.

Ова може да е иднината на такси службите. Такси возила кои се возат сами, без присуство на возач, и кои реагираат на повик испратен преку вашиот iPad. Потребна е неверојатна верба во технологијата за да се седне на задното седиште од возило кое самото се управува, иако утеха е што отсуството на возач ја отстранува можноста од човечка грешка.

{youtube}Kyk1VLTSH_U{/youtube}

Ова е дело на тимот од Слободниот Универзитет од Берлин предводен од професорот Раул Рохас. Тимот создава возило кои самите се возат од 2006 година. Во 2007 година нивно возило стиганло до полуфиналето на Урбаниот Предизвик на DARPA. Ова возило Made In Germany е модифициран Пасат. Опремено со најмодерната радарска технологија, видео камери, специјален GPS систем кој му ја дава точната позиција, како и ласерски скенери, ова возило може без никакви проблеми да се движи низ градските улици. [Официјален сајт на проектот]

- Реклама -