Повик за помош за поплавените семејства: Фејсбук група за граѓански активизам

Со едно јавување на отворениот телефонски број 143400, сите хумани граѓани со едно јавување од било кој мобилен оператор, можат да донираат по 100 денари за помош за жителите во подрачјата погодени од невремето.

Средства може да се донираат и на жиро сметката на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, додека во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8:00 до 18:00 часот може да се предава помош во храна, вода, пелени, средства за хигиена и дезинфекција,…

143400[1]

На Фејсбук веќе активно и континуирано функционираат и повеќе групи за помош за поплавените семејства, меѓу кои и групата Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje до којашто може да се пристапи на следниов линк: https://www.facebook.com/groups/530772140451538/.

Добронамерниците зад иницијативата, а и ние од 365.com.mk, повикуваме сите граѓани и компании што се во можност да се приклучат на групата, и со тоа и на иницијативата за граѓанска ангажираност за помош на настраданите и санирање на штетите, и активно да ја следат состојбата и да помагаат користејќи ги сите достапни сервиси и можни средства.

На наведената група редовно се објавуваат информации за:
– потребна помош од волонтери;
– потребна помош во вид на донации;
– информации за нови собирни места за помош;
– информации за расположливи човечки ресурси за директна помош;
– информации за состојбата на терен, и во настраданите подрачја и на местата за собирање донации.

Администраторите и модераторите на групата се организирани со континуирани дежурства и за логистика, давање помош, обезбедување контакти за иттно интервенирање и повикување на надлежни институции, теренски активизам итн. Администраторите и модераторите на Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje работат во смени, поради потребата и од теренска активност во којашто тие активно учествуваат. Во групата има достапен упатен администратор или модератор, 24 часа.

- Реклама -