Повеќе од 40 000 деца ја посетија вселенската авантура

Денес заврши интерактивниот настан во организација на Бимилк и ТЦ Рамстор, Вселенска авантура. Настанот кој започна на 10 октомври го привлече вниманието на околу 4.000 деца на возраст од 6 до 12 години кои ја искористија можноста да се забавуваат и да учат за тајните на космосот. 

Вселенската авантура за прв пат им овозможи на децата не само да научат за првиот човек кој стапнал на Месечината, туку и во целост да уживаат во авантурата да се биде астронаут. Тие имаа прилика да видат реплика од вселенски костим на Нил Армстронг, да погледнат низ роботски очила запознавајќи се со глетката на еден робот и да носат вселенски шлем забавувајќи се во лунарниот дел од поставката.

311013_1007

Со цел децата да стекнат што повеќе знаења за историјата на вселената, низ целата поставка беа прикажани фотографии поврзани со вселената и нејзиното освојување, а на сите детски прашања одговараше водичот низ Вселенската авантура.
За време на Вселенската авантура повеќе од 300 деца изработија ракети од пакување Битолско млеко со десет витамини со што се вклучија во натпреварот за најдобра ракета. На крајот на настанот за најдобрите ракети беа доделени трите главни награди Xbox kinect, iPad mini и телескоп.

„Вселенската авантура се роди од идејата да се организира настан кој ќе ги едуцира децата на нов, невообичаен, интерактивен и пред сѐ забавен начин. Како што и очекувавме, интересот беше навистина голем, повеќе од 4000 деца ја посетија поставката, а над 300 се вклучија во натпреварот за изработка на најдобра ракета од пакување Битолско витаминско млеко со десет витамини. За нас во Бимилк, насмевката на децата, нивниот интерес да научат нешто ново, да ја изразат својата креативност и да се забавуваат е доволен мотив да бидеме дел од вакви и слични настани. Доброто на децата и во иднина ќе биде во фокус на сите активности на компанијата.“ –Полексена Ристеска, координатор за маркетинг во Бимилк.

- Реклама -