Повеќе од 40 отсто од јапонските компании не планираат да користат вештачка интелигенција

Повеќе од 40 отсто од јапонските фирми не планираат во своето делување да користат вештачка интелигенција, покажа истражувањето на Ројтерс, истакнувајќи го воздржаното прифаќање на новата технологија во третата економија во светот.

Истражувањето за Ројтерс го спровела фирмата Никеи Рисрч која ги поставувала прашања на 506 јапонски компании. Половина од нив дале одговори, но со услов да не се наведуваат нивните имиња.

Околу 24 отсто од испитаниците рекле дека веќе користат вештачка интелигенција, а 35 отсто рекле дека планираат да го сторат тоа.

„Останатите 41 отсто не планираат да воведуваат вештачка интелигенција, што покажува на различни степени на усвојување на технолошките иновации во корпоративна Јапонија“ заклучува Ројтерс.

Прочитајте и:  Почеток на роботската револуција: Мини робот наговори 12 поголеми да побегнат со него

Запрашани за тоа кои цели сакаат да ги остварат со вештачката интелигенција, со понудени повеќе одговори, 60 отсто од испитаниците рекле дека се обидуваат да го решат проблемот на недостаток на работна сила. 53 отсто навеле дека сакаат да ги намалат трошоците за работниците, а околу 36 отсто рекле дека сакаат да ги забрзаат истражувањето и развојот.

Извор: ХРТ

- Реклама -