Поучна приказна: Песокот и бранот

Еден човек набљудувал две деца додека на плажата граделе замок од песок. По прилично долго време и многу потрошено трпение, децата ја завршиле замислената кула. Тогаш, еден голем бран го срамнил песочниот замок со земјата.

Човекот очекувал дека децата ќе се расплачат и ќе бидат многу лути. Но, на негово изненадување, тие се фатиле за рацете и почнале да се смеат, а потоа започнале да градат нов замок.

Човекот тогаш сфатил: Сите нешта во нашиот живот, кои ги градиме долго и со многу енергија, се направени од песок. Порано или подоцна, ќе дојде бран и ќе го однесе сето она што сме го создале со многу труд. Кога тоа ќе се случи, ќе можат да се смеат само оние што ќе имаат некој да се смее со нив.

- Реклама -