Потврдено: Хитлер имал само еден тестис

adolf1[1]

Одамна изгубената медицинска документација од периодот кога Адолф Хитлер отслужувал затворска казна заради обидот за државен удар од 1923-тата, открива дека подбивната песна која своевремено ја пееја британските војници е вистинита – да, фирерот имал само еден тестис.

Медицинскиот картон на Хитлер, кој се појави на аукција во Баварија во 2010-тата, дури неодамна доби прилика да биде анализиран од експерт – во случајов, Питер Флајшман од универзитетот Ерланген во Нирнберг.

На основа на медицинскиот извештај, направен во текот на преглед во 1923-та, Флајшман тврди дека Хитлер имал крипторхидизам на десниот тестис. Во нормални околности, тестисите се спуштаат од внатрешноста на телото во скротумот за време на детството. Според извештајот, во случајот на Хитлер тој процес бил нецелосен.

Неизбежно е во вакви моменти да се спомене популарната песна од 1939-тата, осмислена да ги исмее нацистите:

“Göring has only got one ball,
Hitler’s [are] so very small,
Himmler’s so very similar,
And Goebbels has no balls at all.”

*постоела и друга верзија, во која во првиот стих стои името на Хитлер.

- Реклама -