Потресно: Лејди Гага со нов спот

Иако песната Till it happens to you на Леди Гага можеше да се слушне на интернет уште пред неколку месеци,но дури сега излезе нејзиниот спот. Автори на песната се Дајан Варен и Лејди Гага и е напишана за документарниот филм The Hunting Ground, а главната тема на филмот е силувањата во америчките кампуси.

Оваа емотивна балада ги боди најдобрите пофалби од најеминтентните музички критичари.

За авторите на документарецот се чинеше дека Лејди Гага е најсоодветна она да ја напише и испее оваа песна, затоа што и самата таа била жртва на сексуално насилство во минатото. Па така и таа најмногу може да ја долови песната и да привлече големо внимание.

„ Една од пет студентки ќе биде силувана оваа година ако нешто не се промени“, стои во епилогот на ова потресно видео. Овој спот праќа силна порака кон светот за сериозноста на овој проблем.

Погледнете го видеото.

- Реклама -