Ова е идеално решение за оние на кои што стресот им е секојдневие. Додадете на тоа главоболка и вашиот ден е во потполност уништен.
За само половина минута решете го проблемот.
Акупресурата е древен кинески метод на лечење и самолење за која не се потребни лекови, туку техника, знаење и вашите прсти. Сакате ли на себе да испробате едноставен акупресурен потег што ги ублажува стресот и главоболката? Тогаш морате да слушнете за хоку точката.
Хоку точката е место на раката меѓу палецот и показалецот. Станува збор за акупресурното место поврзано со реалксакција на горниот дел од телото, а притисокот на споменатото место ги стимулира живците.
Постапка за акупресура:
– Со показалецот и палецот на другата рака, притиснете ја хоку точката.
– Задржете го притисокот околу 30 секунди или додека на почувствувате опуштање на мускулите на прстите.
– Постапката повторете ја кога ќе почувствувате напнатост или главоболка предизвикана од стрес и замор.