Многу луѓе се откажуваат од своите деца и ги даваат на посвојување, од една или друга причина. Некои од тие деца долго време ги бараат своите биолошки родители, а некои никогаш не ги наоѓаат. Но, успешните приказни на овие 5 славни личности се најдобар доказ дека вистинските родители се оние што ве израснале и што ве сакале попатно.
Бил Клинтон
Бил Клинтон е роден Вилијам Џеферсон Блит Трети, во август, 1946 година. Идентитетот на биолошкиот татко е непознат, но се претпоставува дека се работи за трговски патник кој загинал во сообраќајна несреќа, три месеци пред раѓањето на неговиот син. Мајка му, Вирџинија, се омажила со Роџер Клинтон во 1950 година, кој го посвоил малиот Бил и му го дал презимето со кое тој подоцна стана претседател на САД. Она што е интересено е дека неговата мајка се омажила дури пет пати во својот живот, два пати за ист маж.
Џон Ленон
Џон Ленон има кажано дека го прифатил ливерпулскиот скаусерски акцент за да ѝ се додвори на јавноста, иако е израснат во семејство од средната класа. Татко му, Алфред, ја напуштил мајка му, Џулија, кога тој се родил. Нејасно е дали мајка му не можела или не сакала да се грижи за него, па негови старатели станале тетката на мајка му, Мими и нејзиниот сопруг, Џорџ. Откако Џон стана славен, тој ѝ купил на Мими бунгалов на англискиот брег, каде што таа живеела сѐ до смртта во 1991 година.
Реј Лиота
Рејмонд Ален Лиота е роден на 18 декември, 1954 година во Њуарк, Њу Џерзи. Според официјалните податоци, Реј бил посвоен од сиропиталиште на шестмесечна возраст, откако бил оставен таму, затоа што неговата немажена мајка не можела да се грижи за него. Го посвоиле Мери и Алфред Лиота, кои му овозможиле удобен живот во Јунион, Њу Џерзи. На 51 годишна возраст, Реј најмил приватен детектив за да ја пронајде неговата биолошка мајка. Иако отсекогаш имал впечаток дека има италијанско потекло, по средбата со неа, открил дека не е така. Исто така, дознал дека има и полубрат.
Ерик Клептон
Иако славниот музичар никогаш не бил правно посвоен, тој бил израснат од баба му и дедо му, откако нивната ќерка, 16 годишната Патриција Моли Клептон, го родила во нивниот дом. Неговиот татко бил 24 годишен канадски војник стациониран во Англија, кој веќе имал жена во Канада. Откако тој заминал дома, семејството се одлучило да го воспита преправајќи се дека тој е син на баба му и дедо му, а дека мајка му му е сестра. По некое време, таа се запознала со друг канадски војник, Френк Мекдоналд и со него се преселила во Канада, каде што родила уште еден син. Биографите на Ерик велат дека неговиот свет се срушил кога имал 9 години, а мајка му се појавила со неговиот 6 годишен полубрат.
Стив Џобс
Стив Џобс е роден на 24 февруари, 1955 година во Сан Франциско. Само еден ден подоцна, тој бил посвоен од Пол и Клара Џобс, кои го израснале во Маунтен Вју, Калифорнија. Џобс таму го запознал Стив Возниак, кога работел за Хјулид-Пакард, за време на средношколските летни распусти.