Постари лица ја играат насилната GTA 5 за прв пат (видео)

„Удрив жена за прв пат во животот, и забавно е!“

Grand Theft Auto 5 e една од најдобрите, најпопуларните и најпродаваните видео игри на сите времиња. За децата, се знае, ја обожаваат. Но, како ќе реагираат постарите лица ако им дадете да ја играат GTA5 за прв пат?

За неупатените, во GTA5 играчот е секогаш негативец, и тоа негативец снабден со цел арсенал на оружја. Можете да крадете коли, да убивате луѓе, да имате секс во прво лице со проститутки…

Разбирливо, играта традиционално се соочува со остри критики меѓу родителите и постарите, кои веруваат дека GTA серијалот ги учи децата на безмилост и насилство.

Па така, од YouTube каналот REACT собраа неколку доброволци од постарата генерација, да излезат на улиците (во играта) и да предизвикаат хаос, за да видат како ќе реагираат на тоа.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Едно е сигурно, тие се забавуваа како никогаш претходно.

- Реклама -