Кога сте дете, постари браќа и сестри можат да бидат или прекрасна или ужасна работа, сè зависи од денот, месечевите фаза или времето.
Но прашање е дали во текот на животот тие се добра или лоша работа? Ако се анализираат податоците, тогаш двете. Нова студија објавена во Proceedings of the Royal Society B користела податоци од огромната количина на информации собрани од лутеранската црква во Финска – податоци за сите родени деца, бракови и смртни случаи.
Проучување на податоците од осумнаесетиот и деветнаесетиот век истражувачите успеале да идентификуваат поединци кои имале браќа и сестри и како тие врски ги промениле нивните животи. Тие откриле дека постар брат или сестра значело дека тие имаат поголеми шанси да доживеат до пубертетот.
Истражувачите мислат дека ова се случувало бидејќи постарите браќа и сестри можеле да го подржат семејството, или со финансиски придонес или со физичка помош. Она што е интересно, и малку чудно, е што постариот брат имал позитивно влијание врз помладите браќа и сестри, додека постарите сестри влијаеле позитивно само врз помлади браќа.
Фактот што постар брат има позитивен ефект врз двата полови, а сестрите се позитивни само за развојот на помладите браќа би можел да биде поради различните полови улоги, што би можело да значи или полово специфична помош или полово специфична конкуренција, или двете.
Со оглед на тоа што момчињата обично работат на фарма, нивниот придонес ги зголемил достапните ресурси што имало позитивен ефект врз помладите браќа и сестри. Од друга страна пак девојчињата можеле директно да им помогнат на помладите браќа преку директна грижа во домот.
Но по пубертетот сè се менува. Истражувачите откриле дека момчињата со постари браќа и девојчињата со постари сестри имале помала брачна стапка, помалку деца подоцна во животот. [Are elder siblings helpers or competitors? Antagonistic fitness effects of sibling interactions in humans]