Посрање работа – амин!

Chocolate-thickshake--25-[1]

Прво си викаш: „зошто воопшто некој би пливал во гомна?“. После читаш за Брендон Волш (не, не тој од Беверли Хилс). Тој има своја компанија (East West Dive) и во основа е специјализиран нуркач за секакви безвоздушни средини; таква е и канализацијата.

„Овде во Австралија, не го процесираме изметот со хемикалии. Користиме бактерии за да ги разложат цврстите честички, а ги аерираме со големи машини за мешање, 24 часа на ден. Тоа е многу агресивна околина, па подвижните делови постојано се расипуваат“, објаснува Волш.

Кога ќе се расипе некој од моторите, нема друг начин да се пристапи до нив, освен да се „нурне“ во гомната. А таму е сé темно и видот е излишен, па нуркачите мораат да работат на допир. Фармите за измет обично прават илјадници фотографии пред да ги исполнат базените, фотографии кои нуркачите детално ги разгледуваат пред да влезат во базенот. При поправките, нуркачот исто така е и во контакт со останатиот персонал на површината. Скафандерите за нуркање се опремени и поврзани со радио, па комуникацијата се одвива во реално време.

f80278295[1]

Сето ова звучи како грешка во дизајнот, ама му оди во прилог на Волш: „Да, ама тогаш ќе немав работа. А морам некако да ги заработам парите што ми ги зема поранешната жена“.

Можеби таму долу е комплетна темница и мораш да одиш наместо да пливаш, ама како што вели Волш, нема никаков мирис. „Целиот твој кислород доаѓа од боца, така што е апсолутно полошо за момците што треба да те деконтаминираат кога ќе излезеш“. Нема проблеми (од типот на лоши слики) кога седнува да јаде, затоа што деконтаминацијата е извонредно темелна. „Пливањето во гомна не те изложува на гомна“.

Клаустрофобијата, исто така, не е проблем. За воопшто да станеш нуркач, ти требаат две години тренинг, при што секој со клаустрофобија е елиминиран од процесот. Башка што радио-комуникацијата на скафандерот му овозможува на нуркачот да слуша и музика.

photo[1]

Од зад „борбените редови“

„Тоа е кафено злато – никој не сака да го допре, затоа платата е подобра. Секакви нешта завршуваат таму. Има многу кондоми, а и многу долна облека од стари луѓе. Мислам дека ја фрла персоналот од старечките домови, кога некој ќе направи ‘беља’. Исто така, сфатив дека луѓето не џвакаат кога јадат пченка“.

Празен стомак = силен стомак

Ретко се случува на некој да му се слоши, а кога тоа ќе се случи, обично се должи на пилешко месо. „Не пуштаме луѓе да нуркаат ако јаделе пилешко. Секогаш кога на некој ќе му се слоши, излегува дека претходно јадел пилешко месо. Не знам зошто, ама кокошки и гомна не треба да се мешаат. Ги викаме ‘прљавата птица’“.

Не е баш професија што пали кај жените

Волш избегнува да зборува за својата работа со жени со кои не е доволно близок. „Дали е така затоа што ја имаш најлошата работа на светот?“, ќе праша некој. „Не, туку затоа што не разбираат. Ја сакам мојата работа и отсекогаш сум ја сакал. Уште од одамна го сакам нуркањето, а и одамна сум механичар. Ни ден во животот немам работено, затоа што ги комбинирам моите пасии. Не можеш добро да работиш некоја работа ако не ја сакаш“, ќе одговори Волш.

- Реклама -