Последниот пенал за Партизан и најубавиот гол во историјата на градското дерби

Пред нецела недела се одигра 150-тото вечно дерби Партизан – Црвена Ѕвезда, а раководството на Партизан, нешто пред натпреварот потсети дека последниот пенал за црно белите во дуелот со најголемиот ривал е досуден пред речиси 21 година.

Имено, во 99-то дерби одиграно на стадионот на ЈНА на 18 март 1995 година пред околу 55 илјади гледачи дебитантот Дамир Чакар по играњето со рака на Ненад Сакиќ во својот шеснаесетник сигурно го реализираше казнениот удар, за да потоа Ниша Савељиќ ги постигне конечните 2:2.

Натпреварот можеше да биде решен многу порано доколку Дејан Петковиќ при резултатот 2:0 го реализираше контра-нападот и наместо стативата да ја погодеше мрежата на Горан Пандуровиќ.
Во првото полувреме голот на Партизан го погодуваа Иван Аџиќ и Небојша Крупниковиќ чиј погодок неофицијално се смета за еден од најубавите кои се видени во дуелите на овие два клуба.

- Реклама -