Последниот демонстрант

london_demonstrant[1]

Само еден човек дојде на протестот пред амбасадата на Русија во Лондон, на кој повика министерот за надворешни работи – Борис Џонсон.

Ден Харпер има 43 години. Стоеше пред зградата во западен Лондон два часа, по што отиде на чај и се врати во својот дом во јужниот дел на британската престолнина.

Руската амбасада ја објави фотографијата на која Харпер држи табла „Руси, престанете да бомбардирате сириски цивили“. Џонсон повика на протест во вторникот, за време на расправата за бомбардирањето на Алепо во Сирија во британскиот парламент.

„Сигурен сум дека би сакал да видам демонстрации пред руската амбасада“, рече министерот.

Џонсон додаде и дека смета дека противниците на војната недоволно ја изразуваат својата огорченост од конфликтот во Сирија. И очигледно, во право е.

- Реклама -