До Путин, Трамп и Меркел сè уште немаат стигнато. За да дојдат до Макрон им требале 2 години. За да го „yлoвaт“ Заев им требале неколку часа, велат руските пранкери Лексус (Алексеј Столјаров) и Вован (Владимир Кузнецов) во интервју за „а1он.мк“.
Контактот од македонската Влада го нашле на официјалната веб-страна, раскажува Лексус. Ја повикале канцеларијата на премиерот Заев, со образложение дека се јавуваат од канцеларијата на Порошенко, кој сака да зборува со него на тема економија. Одговориле секретарите на Заев и им побарале да остават број. По само неколку часа Вован и Лексус биле контактирани и известени дека премиерот е подготвен да зборува. Договорениот термин бил веќе следниот ден, се сеќава Вован. Тоа било првиот обид да го контактираат Заев. Последниот обид за комуникација бил остварен од страна на македонскиот премиер, на 4 јуни, ако добро се сеќава Вован. Овој го барал, но Вован не кренал затоа што спиел.
Во интервјуто за „а1он.мк“, меѓу купот други интересни детали, руските пранкери ги откриваат и одговорите на некои од најважните прашања: Зошто токму Заев, и зошто токму сега? Прочитајте ТУКА.