И после џандарите биле глупи…

Луѓето ѝ го доверуваат животот и својата безбедност на полицијата, па најмалку очекуваат токму од полицајците да си играат мајтап. Во случајов, меѓутоа, тоа не е воопшто изговор.

Шерифот на округот Ален Каунти (во американската сојузна држава Канзас) се пошегува на Фејсбук:

„Ве известуваме дека целиот пристап за Ален Каунти до Facebook, Twitter, Snapchat, Instagram, Tumblr и YouTube во периодот меѓу 28 февруари и 1-ви март ќе биде блокиран“, пиша шерифот. Наведената причина? „Екстензивна и повеќекратна злоупотреба“ на истите.

Илјадници лути коментари го поплавија Фејсбук профилот на шерифската канцеларија речиси моментално. 99% од овие коментари дошле од луѓе кои не живеат во округот, а повеќе од 80% од луѓе кои дури не живеат ни во Канзас. Постот собра над 2.000 коментари, над 3.000 реакции и над 8.000 споделувања.

Тие што им текна дека шерифот нема ни ингеренции ни средства да блокира интернет сообраќај до одредени социјални мрежи, како и дека меѓу 28 февруари и 1 март нема ни ден простор (годинава февруари има 28 дена) – мудро си молчеа или буцкаа, долевајќи масло на местенката. Другиве се испукаа со сé што имаа.

После многу пцовки и навреди, шерифот (Брајан Марфи) реши да ја открие вистината.

„Нашиот пост за исклучување на социјалните мрежи беше само уште успешна демонстрација на моќта на социјалните мрежи. Сакаме да ги потсетиме сите – читајте сé што ќе видите на интернет внимателно. Проверете ги фактите. Не сé е вистина, без разлика колку добро (вистинито) изгледа. За тие што ептен се излизгаа на фората (и мислиме ЕПТЕН), би ве замолиле уште еднаш да размислите околу тоа каква улога имаат социјалните мрежи врз вашиот живот“.

Џандари – 1. Интернет раја – 0.

Дел од коментарите што наседнаа:

 

 

 

- Реклама -