Обично скршените касети завршуваат во ѓубре, но Фликр уметникот iri5 нив ги претвора во парче уметност портретирајќи ги музичарите како Џими Хендрикс, Џим Морисон, Боб Дилан и други во серијата наречена (соодветно) „Ghost in the Machine“.
Обично скршените касети завршуваат во ѓубре, но Фликр уметникот iri5
нив ги претвора во парче уметност портретирајќи ги музичарите како Џими
Хендрикс, Џим Морисон, Боб Дилан и други во серијата наречена
(соодветно) „Ghost in the Machine“.
За себе iri5 вели: „Јас сум уметник специјализиран во користењето на нетрадиционални медиуми.. стари книги, касети, карти за играње, кредитни картички… сè што можам да најдам. Прекрасно е чувството да се работи со необични, стари материјали. Нешта кои имаат свој карактер. Речиси сè што користам било фрлено или донирано на некој начин…“
Секоја од касетите што ја користи е со музиката на музичарот кој го портретира. Исто така, овој уметник ги има направено портретите на некои филмски ѕвезди од стари филмски ленти.