Патниците на аеродромот во Лисабон биле изненадени кога на големите екрани наместо ред на летање се појавил филм со порнографска содржина.
Инцидентот се случил на терминалот број 1 во зградата на аеродромот, каде патниците го чекале багажот.
Филмот траел неколку минути, а не е познато дали некој го хакнал системот на аеродромот или пак некој од вработените го пуштил по грешка.