Денеска се играа натпревари од осмото коло во македоската Првата македонска фудбалска лига и во нив најубедливата победа ја забележа тимот на Силекс кој одигра одличен натпревар и во Струга славеше против актуелниот шампион со 1:4.
Работнички на свој терен славеше победа од 1:0 во дербито со Гостивар и така остана осамен на врвот на табелата. Единствениот гол на натпреварот го постигна Мазари во 15. минута од средбата.
Вардар претрпе пораз на гостувањето кај Беса со 2:1 и така остана претпоследен на табелата. Стрелци на головите за домаќините беа Есати и Фетаи, додека голот за Вардар го постигна Омерагиќ.
На останатите средби не видовме погодоци на дуелите Пелистер – Шкупи и Тиквеш – Шкендија, додека Брера и Воска одиграа 1:1.
РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО ПМФЛ:
Брера – Воска 1-1
Беса – Вардар 2-1
Пелистер – Шкупи 0-0
Работнички – Гостивар 1-0
Струга – Силекс – 1-4
Тиквеш – Шкендија 0-0
ТАБЕЛА: Работнички 22, Шкендија 19, Силекс 17. Гостивар 17, Струга 15, Шкупи 13, Беса 12, Брера 12, Пелистер 11, Тиквеш 11, Тиквеш 8, Вардар 7, Воска 6