Фитнес експертите велат дека повеќето жени ја губат линијата која го одвојува задникот и бутовите поради неактивниот стил на живот. На тоа место мускулниот тонус е послабо развиен и заради тоа задникот и бутовите изгледаат како еден дел од телото.
Оваа група мускули се формираат со стоење, кревање и одење. Ако правилно стоите, ќе ги имате овие мускули развиено.
Се претпоставува дека овие мускули не се развиени поради големиот дел од денешните работни места кои бараат седење на маса.
– Изгледа дека задникот се споил со нозете, затоа што нема што да го држи подигнат. Овој феномен не е наследен, туку е резултат на мускулниот тонус и дефиниција. Некои може поради генетиката потешко да формираат мускули, но тоа е проблем воглавно во самиот мускулен тонус- вели Валери Семалски, пилатес инструкторка од Њујорк.
Ако овој проблем вас ве нервира, можете да го решите со вежбање, кревајќи нозе, сквотови и подигање тегови со нозете.
– Задникот може да се „направи“. Не мора да имате голем задник, но со одредени вежби ќе направите мускули и ќе имате испакнатост таму каде предходно сте немале- вели Мишел Веласкез, јога инструкторка.
Па, дали ќе имате „сплескан“ или заоблен задник, сепак зависи од вас.