Поради климатските промени, цените на кафето ќе продолжат да се зголемуваат

Цените на кафето за крајните потрошувачи ќе продолжат да растат бидејќи климатските промени, нарушувањата во снабдувањето и новите регулативи на ЕУ доведуваат до зголемени трошоци за печењата, изјави денеска претседателот на одборот на директори на италијанската компанија „Лаваца“, Џузепе Лаваца.
„Цените на кафето нема да паднат, ќе останат многу високи. Синџирот на снабдување со кафе е под сериозен притисок“, изјави тој за Фајненшл Тајмс.

Coffee prices set to rise even higher, warns Italian roaster Lavazza https://t.co/EgM1BUeXJr
— Financial Times (@FT) July 9, 2024

Печачите на кафе беа принудени да ги зголемат цените и да ги намалат маржите бидејќи се зголемуваат трошоците за суровините, рече Лаваца, припишувајќи го падот на недостигот на снабдување како резултат на климатските промени.
Цената на фјучерсите за сортата „Арабика“ надмина 2,4 долари за фунта(0,45 кг) и се приближи до двегодишниот максимум од 2,5 долари за фунта забележан во април, објави „Трејдинг економикс“.
Тоа, меѓу другото, е последица и на намалувањето на залихите од Виетнам поради неповолните временски услови.
Глобалните цени на кафето значително пораснаа во вториот квартал поради екстремните горештини во клучните региони во Азија. Фјучерс квотите за сортата „робуста“ во Лондон до крајот на јуни се зголемени за 18,1 отсто во однос на крајот на март, а фјучерсите за „Арабика“ – за 20,6 отсто.

Извор