Светската популација порасна за повеќе од двојно повеќе во изминатите 50 години, од 3.5 милијарди на повеќе од 7 милијарди жители на планетата. Секојдневно слушаме црни сценарија и ваквиот тренд е претставен како погубен и итен проблем. Дали повеќе луѓе значат помал квалитет на живот ширум планетата?
Во ова видео од Gapminder Foundation, шведскиот доктор и статистичар Ханс Розлинг ги интерпретира глобалните цифри на население со сочуство, јасност и хумор, со цел да ги разграничи митовите и заблудите од фактите. Изложувајќи ги вистинските предизвици со кои се соочува човештвото, неговата порака е дека светот е многу подобро место отколку што многу луѓе мислат.