Оваа трикатна куќичка се наоѓа длабоко во живописните шумски предели на Северна Каролина.
Иако повеќе наликува на мини-замок, а замокот обично асоцира на студенило и празнотија, во овој случај се работи за замок од бајките на Андерсон, или на браќата Грим. Уникатна е во секој поглед, а штом ѕирнете барем малку под површината, ќе наидете на исклучително топла и интимна, а игрива атмосфера.
Куќата зафаќа вкупна површина од 78 квадратни метри, но верувајте дека тоа е се што ви е потребно за удобен престој. Кога би имале шанса, ние веднаш би ги спакувале куферите и би се преселиле во ова дрвено парче рај.
Балконот нуди прекрасен поглед.
Прв кат – дневна соба со камин и кујна.
На вториот кат се качува по уникатни скалила. На секој чекор му претходи мото – да сонуваш, да се дружиш, да се смириш, да уживаш, да се радуваш.
Спална соба за возрасни.
Мал простор помеѓу бањата и тоалетот.
Бања со туш.
Детска соба со кревети од прекрасно дрво.
И, се разбира, скара и топла када во задниот двор.