Поповска незадоволна од договорот за вакцините: На бугарската влада ли најдовте да ѝ се молите?

„Срамно е да му бацуваш рака на тој што те камшикува“, реагира Лиле Поповска од партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ), откако денеска од Софија, каде присуствуваше на владина седница на бугарската влада,  министерот за здравство Венко Филипче и бугарскиот премиер Бојко Борисов, како и бугарскиот министер за здравство, соопштија дека дел од вакцините што Бугарија ќе ги набави преку директни преговори со производителите, ќе донира за Македонија.

Иако Борисов уверува дека ваквиот потег бугарската влада го прави со „најчисто срце“, според Поповска прифаќањето на ваквиот гест е понижување, со оглед дека токму нашата источна соседка е онаа која, како што вели Поповска, ни го блокира прогресот:

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

„На бугарската влада ли најдовте да ѝ се молите, која ни ја тресна и заклучи вратата за напредок??? Аман, луѓе, што правите? БОЛИ ПОНИЖУВАЊЕТО 😡 “, пишува Поповска од ДОМ.

- Реклама -