Сити со неверојатна понуда за Ван Перси

Робин ван Перси моментално е најдобриот играч во Премиер лигата, кој ги доби сите можни награди и признанија. Воопшто не е чудо што инстант тимот, Манчестер Сити, се обидува да посегне и по него.

Манчестер Сити се подготвени да му понудат на холандскиот репрезентативец, Робин ван Перси, плата и до три пати поголема од актуелната во Арсенал, за да го добијат неговиот потпис, во обидот да се склопат уште посилен тим за следната сезона.

Според најавите од Островот, „Граѓаните“ се подготвени уште еднаш да го разлутат Арсен Венгер со нивните екстремно високи понуди со кои му ги „крадат“ фудбалерите, откако веќе подготвиле примамлива понуда за Ван Перси од 12 милиони евра годишна плата.

На тој начин Холанѓанецот би станал еден од најплатените фудбалери на планетава. Веќе е познато дека покрај него, Манчестер Сити сака во своите редови да го доведе и Герет Бејл од Тотенхем, за компензација од 40 милиони фунти, плус двајца фудбалери од своите редови.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -