Омразениот понеделник ретко кој го сака. Но, сигурно ќе ве зачуди фактот дека овој ден има и добра страна – во понеделник врне помалку дожд, а еколозите сметаат дека луѓето помалку ја загадуваат околината.
Меѓутоа, фактите против понеделник се побројни:
1.Повеќе од 50 отсто вработени во понеделник доцнат на работа.
2.Повеќето луѓе во понеделник поминуваат вкупно 12 минути жалејќи се на понеделник.
3.Најмрзеливите луѓе во понеделник се оние меѓу 45 и 54 години.
4.Топ пет начини на кои луѓето се борат против депресијата се гледање телевизија, секс, шопинг, чоколадо или купување на козметички производи и планирање на викендот.
5.Работниците се продуктивни само три и пол часа од вкупното работно време.
6.Најмногу самоубиства се случуваат во понеделник.
7.Ризикот од срцев удар во понеделник е поголем за 20 отсто во однос на останатите денови од неделата, а лекарите сметаат дека тоа е заради стресот што луѓето го чувствуваат на самиот почеток на работната недела.
8.Понеделник е најдобар ден за купување автомобил затоа што салоните најголем промет прават за викенд, додека во понеделник едвај имаат купувачи, па тие се спремни да понудат поволни услови за да склопат договор.