Помпео: САД се ослабени од војната во Украина, ја изгубија моќта да ја контролираат Русија

САД се ослабени од конфликтот во Украина и ја изгубија моќта да ја контролираат Русија, изјави поранешниот американски државен секретар и поранешен шеф на ЦИА, Мајк Помпео.

Помпео, кој беше државен секретар на САД за време на претседателствувањето на Доналд Трамп, престојуваше во Атина на првиот Американско-медитерански инвестициски форум.

„Америка е ослабена со инвазијата врз Украина – ја изгубивме нашата моќ на одвраќање против Путин и Украинците, поради што на Европејците и на секој до нас ни е многу полошо“, рече Помпео.

Според негова проценка, „светот стана многу помалку безбедно место откако Џо Бајден ја презеде функцијата претседател на САД“.

„Тоа се однесува на Американците и на граѓаните на сите наши сојузници. Тринаесет Американци загинаа во Авганистан, што е еден од најголемите неуспеси во заштитата на нашите граѓани во поновата историја“, додаде поранешниот државен секретар.

Прочитајте и:  Украина вели дека војната со Русија ја чини повеќе од 135 милиони долари дневно

Помпео кажа и дека иранските власти сега се многу побогати и помоќни отколку кога тој ја напушти функцијата.

„Нашите пријатели и партнери на Блискиот Исток, Израел и земјите од Заливот се чувствуваат напуштено. А кинеската Комунистичка партија станува похрабра и се подготвува за војна – економска и воена – на начини кои се без преседан“, кажа Помпео.

МИА

- Реклама -