Доколку имате природно рамна и тенка коса, волуменот е навистина тешко да се постигне, но со овие три трикови успехот ви е неизбежен. Пробајте ги:
1. Трик пред спиење
Пред да легнете да спиете, нанесете квалитетен и добар лак за коса. Со лесни потези со рацете „изгмечете“ ја косата, а потоа подигнете ја во лабава и неуредна пунџа на врвот на главата. Кога ќе се разбудите пуштете ја косата и ќе имате брановидни прамени и одличен волумен.
2. Префрлете ја косата
Овој едноставен трик функционира секогаш! Едноставно префрлете го патецот од другата страна. Косата секогаш се привикнува и опушта на онаа страна на која обично ја носите, па овој трик ќе ви донесе неочекуван волумен.
3. Волумен со помош на пудра
Дури и на косата на која и е потребно миење, може да и дадете живост и волумен со помош на сув шампон или пудра за бебе. Се што треба да направите е да го нанесете и измасирате правот со прстите по косата, добро да прочешлате и да ја наместите онака како што сакате. Волуменот е загарантиран.